нов (прид.) - здание (имн.)

Во подигањето на новите зданија на манастирот Св. Наум во 1871 година материјална помош дале и мнозина видни муслимани, а најмногу тогашниот битолски валија Ахмед-паша.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие нови зданија, заедно со стариот Камен мост и големата извишена тврдина зад нив, позната уште од праисториските времиња како главно упориште на сите империи на Балканот, ја формираа трајната физиономија на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Жива е само уште Вичо планина, само неа не можеле да ја тргнат и овие неколку нови зданија. Сѐ друго исчезнало.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)