Меѓу тие ветви саблерски колиби, во таа пролет, илјада осумстотини деведесет и седма година, се гради нова зграда...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Меѓу нив е и Гоце, но не сега како учител, туку како мајстор.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
110. Тој неуспех не ги обескуражи одважните Срби: Друштвото „Св. Сава” отвори патриотска потписка во Србија за изградување нова зграда на друштвото за пансион и за свое пропагандно училиште.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Новиот центар е граден со рафинеријата и тука се редат нови згради, повеќекатници, широки улици, модерни трговски магацини, кафеани, ресторани.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Енергичната жена веднаш навести собирна акција за изградба на нова зграда.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Вака напишано и не се чини многу, но што сѐ се случи за тој период – твоето заминување, болеста на татко ти, новите згради околу.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Собата во нејзината трошна куќарка залепена до зградата, немаше никаков поглед и видик, бидејќи пред прозорците се издигаше ѕидот на новата зграда.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во Идн Парк, во кој се пресели и во кој, наспроти неговиот феноменален раст сѐ уште се чувствуваше воздухот на природата околу него бидејќи овде-онде имаше рамни ниви, среде блоковите од куќи што беа од ранчерски вид, канцеларијата на доктор Станеф беше еден кат погоре, но во сосем нова зграда од тули во која на целиот кат беше сместен супермаркет со стаклени врати, кои сами се отвораа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сигурно беше заскитано од кај новите згради кои неодамна беа вселени.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Во новата зграда не се преселивме сѐ додека не се вративме од Аризона.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Поконкретно, обрнува внимание на опсесивноста со која некои геј-мажи ценат, сакаат и се фиксираат на нешта што многумина други ги сметаат за тривијални, ситни или речиси незабележливи нијанси на архитектонскиот или на внaтрешниот дизајн.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога разгледувал куќи во Савана, еден конзерватор од Џорџија вака забележал, и тоа со дозичка презир: „Изгледа дека кај новите згради што се градат за да личат на стари никогаш не е погодена баш вистинската косина на покривот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа се тие ситни детали“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Типовите устроени кон зачувување се љубители на ситничава внимателност околу ситниците на дизајнот...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Животот во Скопје го продолжив во една нова зграда близу до некогашното Козар маало, душата на градот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Уредно и чисто и како додадок е новата зграда на градските власти. Видлив е прстот на Европската унија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
До самиот брег купишта дробен камен, од спротивната страна, навалена на ридското подножје, се извишува новата зграда на универзитетот и пред неа убаво уреден паркинг.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А ти не знаеш, мамо, колку многу работи имаше: многу нови згради, широки, улици, па разнобојни лимузини, црвени автобуси... Како ќе го нацртам сето тоа?
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Сигурно беше заскитано од кај новите згради кои неодамна беа вселени.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Во својот “Автобиографски есеј”, 1970-та, тој напиша: “Ја познавам женева многу подобро од Буенос Аирес, што лесно може да се објасни со фактот дека во женева нема две раскрсници што се слични, па човек брзо ги воочува разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Секој ден шетав крај таа зелена и ледена река, Рона, која минува низ самото срце на градот, а ја премостуваат седум сосема различни мостови”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Марија и јас шетавме низ тој дел од градот, и таа ми ја покажа новата зграда во Улицата на Фердинанд Ходлер, во бројот 17, подигната откако старата зграда, во која биле Борхес и неговите, била урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Но споменот на тие години во женева времето и заборавот не ги беа уништиле, ни од далеку, туку беше жив во Борхесовото паметење, па дури стана и драга област на втората татковина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)