нов (прид.) - држава (имн.)

Временското траење на Авто-Деструктивната уметност делува и како претставување, слика, но и како одигрување на и/збришаното коешто повторно ги заборава нештата на заборавените, „евреите“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како и рематеријализацијата на сеќавањето во својата изворна деструктивна форма, и отсутната присутност на минатото ќе нè врати кон познатото искуство, не веќе „таму“, туку трансформирано во новата држава „овде“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со оваа нова градба, како и со блискиот Дом на Армијата, изграден на местото на една џамија во форма на бурма и позната како Бурмали–џамија, спроти зданието на големата банка, со зданието на големата железничка станица, една од најубавите на Балканот во речиси ориенталната касаба, се наѕираше моќта на новата држава.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Всушност дваесетина години по нејзиното формирање, по Првата светска војна завршена со Версајскиот мир во Париз, странскиот капитал ги фиксираше симболите на моќта во новото време во новата држава Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во хрониките што се чуваат во библиотеката на неговата синагога, во долгите ноќи откако беше поставен за нејзин рабин, Елеазар бен Цви читаше дека по завршетокот на Првата светска војна во 1918 година, двата балкански града им припаѓаат на две различни држави: Салоник на Грција, а Битола на новата држава Југославија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На секој оној внимателен набљудувач кој го посматрал распаѓањето на нашата бивша поширока држава и националната хомогенизација во новите држави (пред сѐ во Србија, а нешто подоцна и во Хрватска) јасно му е дека тој процес се одвиваше со многу ПРА фашистоидни (или прафашистички, според Еко) елементи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој ја деконструира самата хиерархиска структура предлагајќи една алтернатива која што е сосема нова и нехиерархиска.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Графоцентризмот во овој контекст речиси личи на Драјфусовото протерување на Ѓаволовиот остров, а Дерида како Емил Зола кој него го враќа назад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така, забележете дека целта на деконструкцијата не е да се конституира некоја нова држава на “тиранија” или “неправда”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На божјата волја, ѝ се доверувал Татко на Мајка, овој пат ѝ се надоврзува и волјата на комунистичката власт на новата држава.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кон силните лични пориви и мотиви да трага по тајните на своето семејство, кои се криеја во сиџилите, се надоврзуваше и барањето на новата држава, преку Институтот и преку архивите, да се протолкуваат клучните документи за навлегување на историската наука во изминатите векови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нивното откривање требаше да има посебно значење во откривањето на документите значајни за создавачите на новата држава.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во тој дух и продолжи: - Почитувани другари, живееме на Балканот, во време кога градиме нова држава, кога сакаме да ги обединиме луѓето со новата доверба што ја проповеда нашата комунистичка идеологија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И јас ги завршив кадиските студии, во градот на Босфор, помогнат од мојата рода, речиси сета построена во новите административни и судски ешалони на новата држава на Ататурк.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Другарот Чапаев, и самиот студент по правни науки, беше свесен дека судството, како витална оска на новата држава, ќе мора да се темели врз стручност, врз знаење и врз искуство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше свесен дека тешко може да се замисли иднината на државата без интегралната историја на сопствениот народ, без толкувањето на сложените меѓуетнички односи во минатото, без откривањето на тајните на нивното одржување под отоманската власт што, секако, претставуваше и едно од клучните прашања за иднината на новата држава.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Водачот, лично, го уверуваше во капиталната улога на Архивот, во потврдувањето на идентитетот на новата држава во рамките на југословенската федерација.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И Татко, да не ги откриеше битолските кадиски сиџили, тешко ќе се одржеше во новата држава, со своето источно, па уште и емигрантско и непартиско минато.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Борбата против клетото турско си продолжуваше на Балканот, макар што главните протагонисти на Империјата одамна беа заминати, а нивните потомциизградија нова држава, врз нови цивилизациски основи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кој ќе го плати тоа, која ли нова држава ќе ги залечи раните, кој нов пасош ќе ја надокнади загубата на детето, која државна граница може да ги врати животите, се прашувам...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Денес кога Југославија се распаѓа (а процесот сѐ уште трае без оглед на тоа што владите на новите држави јавно ја прогласија и ја потпишаа клиничката смрт) со фрчење на гранати, пукотници, кукање, лелек и траскот, во мојата раздвоена свест одекнуваат фрагменти од фолклорни мелодии: црногорски, македонски, хрватски, српски, албански...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оваа рамнодушност кон конфесијата ќе биде на некој начин ратификувана во моментот на националната независност на Албанија во 1912 година, кога новата држава одлучува ниедна религија да не биде прогласена за „службена“.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сакаше во новата држава – црква без Бога, сакаше да го заземе него­вото место.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Создавањето на нови држави, развојот на јавната сфера и цивилното општество во пост-комунистичките држави се често цитирани во расправите за таа трансформација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И во своите највидовити претпоставки додека беше жив, Татко не можел да го замисли падот на Берлинскиот ѕид, распадот на СССР и комунизмот, а најмалку распадот на СФР Југославија со братоубиствените војни, создавањето на новите држави, посебно на новата Република Македонија, а најмалку дека неговиот син за кого најмногу страхуваше, оти некаде ќе се заплетка на големиот пат на животот, ќе стане амбасадор на СФР Југославија, која при завршувањето на неговата мисија ќе се распадне, а потоа и прв амбасадор на новата Република Македонија во Франција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Но Арафат, сепак, беше претседател на новата држава Палестина? - нагласив предизвикувачки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Згора на тоа, му беше јасно дека овие принципи имаа с помала тежина во монополарниот свет и конечниот решавачки збор идеше од Белата куќа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ти беше првиот амбасадор кој ја поздрави новата држава!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да ја губев рамнотежата меѓу морето и копното, чувствував брза вртоглавица Многу години подоцна кога се распадна Југославија подморниците припаднаа на новата држава Црна Гора.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кратко ми рече: Дојди во Палестина, те очекуваме.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Митологијата којашто ги зафати балканските историографии во втората половина на XIX и XX век, во времето на подемот на новите држави- нации, во голема мера ја деформира историјата на Царството чие постоење и цивилизациски обележја, кои често биле заеднички со истите народи, се настојуваше по секоја цена да се избришат од меморијата на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски добро знаеше дека влегуваа во Татковата приоритетна зона на знаењето и затоа го остави Татко да продолжи: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата држава, го учат само својот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се укажува и на балканското национал- лингвистичко слепило, кое не гледа дека: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата Држава, го учат само нивниот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османското Царство со своето траење од речиси седум века покажуваше дека го почитувало и принципот на нужна толеранција меѓу народите, и покрај тоа што ја имало позицијата на владетел, освојувач.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се создаваше нова митологија на Балканот, можеби и поубиствена од претходната која ги ставаше новите држави- нации во тотална амнезија кон османското минато, кон османската компонента во нивните идентитети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој обид за чистење на јазикот од семиотичките траги на Другиот во јазичната супстанција, води кон крвопролевање: Во еден од заклучоците на Татко и Камилски, беше забележано дека во историјата на народите, на балканските посебно, според кои и настана поимот на балканизацијата, по етничките чистења на народите, обично следеле и чистења на јазиците од туѓите заемки, а понекогаш редоследот бил и обратен...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, со текот на времето милетите ќе станат зародиш на новите држави нации, кои ќе го означат почетокот на крајот на Османската Империја и во силен налет во текот на XX век ќе ги уништат сите претпоставки за враќање кон старите вредности на можната христијанско- исламска синтеза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во долговечната Османска Империја, покрај османскотурскиот службен јазик, ќе се толерираат јазиците на милетите, односно на различните етнички групи, кои подоцна со распаѓањето на Империјата, ќе бидат јадрата на новите држави- нации! одговараше авторитетно Татко, наоѓајќи се во својот домен на Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Новиот балкански сојуз кои кој се создаваше од новите држави нации на Балканот, поткрепени од империјалистички сили, доведе до конечен пад на Отоманската Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И еве, мој пријателе, ние стануваме спасителите на тоа што можело да се спаси од исламско-османските вредности во доменот на лексиката на балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко со целосно балканска судбина, беше свесен дека излезот од новата митологија за Балканците беше во еден автентичен, реален процес на самоосвестување ослободен од секакви предрасуди на комплексноста на балканските идентитети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но кога Медицинскиот гласник ја прекина рубриката за лековитите билки во османските записи, Климент Камилски во разговорите со Татко постојано ја подгреваше идејата да го продолжат проектот за старите турцизми, чија употреба во јазиците на новите држави- нации се сметаше за непотребна, опасна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се создадоа пет нови држави, а ние повторно си го променивме државјанството станувајќи граѓани на Република Македонија, макар што со промената во државата си остана границата помеѓу нашата родна земја и земјата на новото државјанство. Повеќе не бевме емигранти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но успеа само пророчки да го предвиди отворањето на границата помеѓу Албанија и новата држава Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Па вие на Балканот само нови држави барате...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како што нагласува Сасен, нафтената криза од 1973 година ~ стави крај на оваа побарувачка, означувајќи го почетокот на денешната ера на сè позасилена емиграциска контрола и бесконечни политички дебати за емиграцијата.41 Бездржавјанството почна да стекнува поистакнато место на меѓународната политичка, безбедносна и хуманитарна агенда во почетокот на 90-те години, со распаѓањето на зголемен број на федерални држави и создавањето на нови држави по Студената војна, што стави друг акцент врз заштитата на раселување на населението.42 41 Peter Newell, “Global Challenges to the Future State,” Glo- balization, no. 503 (2001), http://www.india-seminar. com/2001/503/503%20peter%20newell.htm (accessed Novem- ber 8, 2006). 42 „Во тоа време, постоеше растечка загриженост дека распаѓањето на Советскиот Сојуз, Југославија и Чехословачка ќе создаде голем број на лица без државјанство и раселени лица, од кои многумина може да бараат да се преселат во Западна Европа. (...)Досега, сепак, активностите [на УНХЦР] беа силно концентрирани во Централна и Источна Европа.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)