Со секое станување и миење се загледува во огледалото внимателно и испитувачки како сликар кој си го црта својот лик и кој открива и внесува сè нови и нови детали за да си го нацрта што поточно, што поверно.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Нејзините зелени очи разиграно шетаа. Бараа некои нови детали.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Најлошо беше тоа што при секое сеќавање на сонот наместо да се сеќава на подробности и да го исцели како што планираше, нејзе од сеќавањето ѝ бегаа нови детали.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога ќе се најдев неочекувано во таа приказна час ми се чинеше дека станува збор за еден ктаток миг, час ќе се издолжеше тоа мое присуство во приказнава цела една вечност, а кога гледам на времето како на денови подредени еден зад друг како да станува збор за поминување низ животот и секое подзастанување претставуваше нов детаљ што отвора нова врата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Губењето на целината на претставата за убавото за жал се случува токму тогаш кога ќе отвориме истовремено многу врати од тие разбранувани спомени па тие неконтролирано ќе нагрвалат, како незапирните води од поплавите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)