Така враќањето од Лесново им почнало со нов гроб: ќе го закопаат, кој има солзи ќе поплаче, ќе ги наредат двоколките и ќе појдат со темни грижи на челата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Штом се роди човек, му велам, и нов гроб се отвора.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој сепак пред нивни очи поцрнувал и додека ја заборавиле неговата последна молитва и предупредувањето дека на мажите од Кукулино им дошол крајот, ги извртел очите и се вкочанил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа вечер, сместувајќи ги коските на Митруша во новиот гроб, стариот железничар се зарече дека никогаш веќе нема да ги распретува - ни да го сели, ни да го пусти, ни да го штури.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Пред тоа не знаев дека човекот на јамка е повисок отколку кога е со стапалки на земја. Толку паметам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прегрме војната, Егејската бригада по борбите со балистите ја расформираа надвор од Гостивар, борците ги растурија по разни служби и тој почна во себе да мисли дека дојде време по македонската земја веќе да не се копаат нови гробови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Молитвата на Проказник не ќе ја повторам, не ја слушав и не знам кој копаше нов гроб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа талкањето дури потоа почнуваше: требаше прво да се најде кола што ќе ги пренесе останките, требаше потоа да се најде човек што ќе го откопа стариот гроб, требаше потем да се најде друг човек што ќе го закопа новиот гроб, требаше најпосле да се најде поп што ќе ги смири останките на мртвиот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)