нов (прид.) - власт (имн.)

Со текот на времето старото градско население, особено жителите што беа под ударот на „класната борба” и на кои речиси сѐ им беше одземено од новата власт, први се спријателија со козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И угледни службеници на новата власт со многубројна челад, а кои со мали плати, тешко врзуваа крај со крај во деновите на сиромаштијата, покажуваа разбирање за козарите и нивните кози, го купува нивното евтино млеко, иако беа будно следени од властите и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Длабоко во себе тој можеше да се согласи со новата власт: за што ги растура куќите, имотите, семејствата, па одново ги обединува во нови не­природни врски, заедници, а преостанатите планинци, кои нема од што да ги раздели освен од козите, ги тера да слезат во градовите и прекуноќ да станат нова класа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мораше да се покаже планерската моќ на новата власт.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, острите напади на владиката не останаа без одговорот на новите власти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа забележува дека тоа е неговата Давидова ѕвезда пришиена на неговото палто, што по наредба од новите власти, мораат да ја носат сите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во меѓувреме и групата на молот го здогледа бродот и Беренц ја забележа раздвиженоста која завладеа меѓу присутните.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сосила го натоварија на брод и го испратија за Атина во февруари од претходната зима на истата таа 1943 година во која, ете, митрополитот го чекаат да се врати дома по овој сив и ветровит ноемвриски ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој и самиот беше навремено известен за враќањето на владиката, но на тоа гледаше како на технички податок, со оглед на битните задачи, коишто поради примопредавањето и инсталирањето на новата власт на островот, веќе му се наоѓаа во задоцнување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, кога тој, во уште подраматично време од својот живот, во Цариград, не ја прифати партијата на Ататурк која му нудеше брилијантна судиска кариера и висока позиција во новата власт, а не го прифати ни благословот на ниедна партија во родната земја кога, во времето на фашизмот, не ја прифати и понудата да ѝ се приклучи на Татковинската партија, по цена на губење на родното огниште и одење во траен егзил, не гледаше ниту сега посилна причина, во името на судиската кариера што му се нудеше, да стане член на Комунистичката партија! По никаква цена!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сѐ уште го гледам: претепан, со крв што од носот му се слеваше во устата, со нога што ја влечеше, зад себе, оти Фисот го беше претепал како никој, Бога го беше отепал во него, заради есејот со кој Лудвик стана херој кога се смени власта; но тој, како што ви е познато, не наседна на тие „партиски финти“, како што ги нарекуваше, и иако му нудеа место во новата власт, тој не се огласи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Сигурен сум дека во неговиот случај се работеше за голема утка – ме прекинува – човекот, како што ти реков, беше љубопитен, музикален, а на некои фактори на новата власт знаењето им се чинеше бурка...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неколку недели пред тоа германските воени трупи вмаршираа во Австрија и воспоставија нова власт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имателите на туѓите станови молчеа како сомови под стреи и чекаа да дојде новото време, да дојде новата власт. И дојде.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По војната, плашејќи се од одмазда на новата власт, го напуштиле селото и заминале заедно со војската во Германија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Аргатувал кај некој Германец по име Ханс. Истиот плашејќи се од репресалиите на новата власт морал да го напушти имотот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во осаменоста им се предаде на овдешните слатки ликери од кои наутро се верува дека главата ќе се распрсне на парчиња, потоа врз мантијата на очајникот ќе легне прав, невисокото чело и брадата, дури и големите пребели заби, ќе се заборават - новата власт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Југославија ја признава новата власт, на чело со Бен Али.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дали во тие мигови на малата дипломатска авантура не бев и јас обземен од амбицијата на власта, кога бев сведок на крајот на власта на сенилниот деспот и почетокот на новата власт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По Војната, многу од тој имот му го зела новата власт.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Наши блиски, рехабилитирани, започнаа да заземаат одговорни позиции во новата власт, еден од внуците стана дури и министер за надворешни работи на Албанија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тие времиња им здодеа на затворениците да ги ослободува новата власт, чувствувајќи дека кога ќе дојде старата, пак ќе треба да бидат затвореници, а ако избегале, ризикувале нови казни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Ајде, признај, сине, дека најмногу се сложувавте со Аксја откако таа се врати од Белград?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели, веќе знаевме, дека оној, нејзиниот, ѝ се беше придружил на новата власт во Војводина а таа не сакала да ја прифати неговата предавничка постапка и решила да се врати дома.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој ден кога Русинот дотрча радосно во бараката кај нас да ни каже дека царот руски паднал, дека има нова власт во Русија и дека ни е отворен патот за назад, Анастас веќе испушташе душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Новата власт започна и со реквизиција, собираше месо, жито, маст, сирење; постави нов кмет и донесе нови мрежи за ловење риби и им ги раздели на рибарите да фаќаат што повеќе риба; власта ги пречекуваше рибарите и уловената риба ја делеше на два дела: еден за рибарите, друг за власта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со идењето на новата власт, се јавија и качачките банди; а тие секогаш се јавуваа по војни, пред војни, меѓу војни, по заминувањето на едната влас и идењето на друга; се множеа како стаорци, како мршојадци, се плодеа, опкршуваа по планините, се нафрлуваа на селата, на куќите, на луѓето: грабеа, пљачкосуваа, уценуваа, убиваа, обесчестуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дедо Киро, откако со чкорче го запали чибукот, праша: - Што мислиш, каква ли ќе биде новата власт?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа строго погледна таму од каде стигнаа овие зборови и без да праша кој е тој што ги изговори овие зборови, рече: - Другаро, срамота, рече дека новата власт ќе го истера Господ од срцата на људјето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа ќе го прави новата власт, народната?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)