Сливница ја натера Србија да почне една нова борба со Бугарија за Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Одев кај нив дома да видам дали сè е в ред, кога го гледам Јехуда, дотеран и онака малку подгрбавен од работата, како со ведар чекор оди по маалото и ги поздравува минувачите забрзани со пазарлакот кон дома и стариците што метеа пред капиите, додека од една куќа допираше длабокиот глас на спикерот што соопштуваше вести за нови борби на грчко-италијанскиот фронт во Албанија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Враќањето на Захаријадис чиниш ги окрили надежите на борците на отпорот и небаре зацрта нови патишта за партијата, за новите борби и надежи, зашто и за време на окупацијата неговите другари, комунистите и борците на отпорот, го опеаја големиот водач: То будруми ден тон лига И скепци ту февги горга Стус синдрофус пу полемун...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со завршувањето на војната, започна нова борба на луѓето за животот: почна ново одење по светот на печалба за да се купи жито, добиток, да се поправат старите, изгорените куќи, да се направи нова; да се купи и прошири имотот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ми кимнаа дискретно со глава додека траеше канторското читањето на Свитокот за Естер и во моментот кога беше изговорено: „Арур Аман”11, онака неподготвена, се потресов од бурата шумови со удирање по седиштата, викање и вртење штракала, во буката што традиционално ја произведуваа пред сè децата што во храмот седеа на посебни клупи и беа мирни во текот на читањето на останатиот дел од текстот, сè до местото во кое креваа врева до небо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)