И кога се веруваше дека небото е конечно победено и храмот на атеизмот воспоставен за сите нови времиња без Бог, не беше тешко на народот да му се наложат новите божества на жртвувањето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Така во еден расказ од тие времиња кога не наоѓав реален излез за еден лик во лавиринтот на верувањето, повикував на припомош стари и нови божества.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Од таа гледна точка, новата народна уметност по ништо не се разликува од култот кон народната уметност во комунизмот, кога се правеше истото, само што наместо за мобилен телефон се пееше за тракторот како врвно ново божество на рекордерството и ударништвото, па на новоредените женски деца им се даваа и „адекватни“ имиња – Тракторка, на пример.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)