никаков (прид.) - шанса (имн.)

„Не биди смешен - му вели некој внатрешен глас - нема никаква шанса, а бараниот потез е измамен потез, една обична бесмислица, глупост една, недостојна за тебе.”
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Немаше, немаше ама баш никаква шанса за лага, а вистината беше болна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Докторите рекоа дека те ставиле на машина, дека си во кома, речиси никакви шанси да се повратиш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На ова градскиот татко збеснал и отворено му кажал на претседателот на клубот дека додека тој е главен фактор во градското собрание, тенискиот клуб нема никаква шанса да добие свои простории.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ама, нема шанса, нема никаква шанса тоа да се случи. - Ми ветуваш? – го прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас така имам обичај да го малтретирам со тие „ветувања”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да беше сам можеби ќе го убедев, ама вака со Тихи, а и Даме само што им се придружи, немав шанса, тоа беше сигурно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Проценив дека немам никаква шанса да појдам со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден патетичен и весел медиокритет, кој на сожалувањето не му остава никаква шанса. Peter Land d. 5. maj 1994: уметникот, по гаќи и по чорапи, штрчи пред камерата, во ладната и лошо распоредената светлина на една неонка, која брише секаква форма, а ги истакнува сите грешки, слабости и мани.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ми беше јасно дека немам никакви шанси во тој момент да разговарам со неа за случката со дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)