никаков (прид.) - употреба (имн.)

Едни беа за готови пари, други имаа широки пасишта по чифлизите па им требаа овци, говеда, коњи; на помладите им беа умиштата по убавите и млади Мариовки, а сите заедно го спремаа пеколното клање на старците, жените и децата што не беа за никаква употреба, за кои сејмените, од своја страна, пак, ги водеа јатаганите и гледаа дали се доста остри за да можат да поништат што повеќе нечисти ѓаури и со тоа да си осигураат подобро место во рајот, та кога ќе појдат кај големиот пророк, да има со што да му се пофалат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)