никаков (прид.) - смисла (имн.)

Но ... сѐ додека некој на овој начин сака да покаже дека не постои никакво трансцендентално или привилегирано означено и дека полето или играта на означување понатаму немаат никаква граница, тој мора да го отфрли дури И самиот концепт И збор знак - а тоа е токму она што не може да се направи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што на сите такви ентитети им е заедничко е нивното претпоставување на метафизика(та) (на присутност); најпосле, самиот знак, од кој се составени сите лингвистички ентитети е метафизички поим par exellence.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како што наведува Дерида (3, стр. 280-281): Нема никаква смисла да го занемаруваме концептот на метафизика за да ја разнишаме метафизиката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, да ги споредуваме со цел да ги сместиме во хиерархиска структура, не би имало никаква смисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На крајот и двајцата сфатија дека сета таа таинственост нема никаква смисла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И немам кому да му се жалам зашто би немало никаква смисла.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако направам холограм на масава и честичките во холограмот ги распределам со истата густина со која се распределени во масата, бидејќи знам дека и масава е еден компјутиран збир од точки исто како и холограмот - ако значи со своите сетила или сознание не можам да ја утврдам разликата помеѓу холограмот на масава и самата маса, тогаш нема веќе никаква смисла да се каже дека холограмот е симулација на масата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мирко: Овие Гази бејбовци немаат никаква смисла за хумор, ки, ки, ки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веќе ништо немаше никаква смисла, а понижувањето поради некој национален пораз што веќе подолго време висеше во воздухот сега се спушти на него и му ја зароби душата како диво животно во стапица.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
XI. Се чинеше како човекот што стоеше на вратата сосема да ја пополнил рамката со корпулентноста на своето тело и со него ја засолнил ноќта и студот на снегот зад себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Животот без неа ќе му немаше никаква смисла.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Служењето војска за регрутот, особено ако е со здрав разум, каков што беше Едо Бранов, е мачна и понижувачка работа, принуден за целосно потчинување на нешто во што не гледаш никаква смисла.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Значи нема никаква смисла да се раздвојува разумот од телото.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, во тоа не се наоѓаше никаква смисла, а тоа беше она, без кое тој ниеднаш не можел да започне ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секако, Сиоран не е, а не е ниту Расин, затоа што ова место нема никаква смисла во историјата на уметноста.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И така, Џон се соочувал со тешка битка во обидот да си ги завери мажествените исправи, па му требала сета помош што може да ја присобере, а која мојот скандалозен предмет баш и не му ја давал. (Можеби вреди во врска со ова и да се каже дека за мојот предмет никогаш не сум добил приговори од геј-мажи што се гордеат со својата флагрантна женственост и што се исплашиле дека тоа што во описот на предметот ја спомнувам „мускул-културата“ може да наведе некого по грешка да мисли дека и тие се некакви типови што се носат војнички или дека се некакви забегани фитнес-отоци во тренерки, кои обожаваат тимски спортови и немаат никаква смисла за духовит збор.) ‌Главната причина поради која не би било мудро да се отфрлат приговорите на Џон со некаква праведничка самозадоволност или со некаква покровителска надменост е што на тој начин би се потценила нивната политичка моќ и би се превидело дека се втемелени во еден конкретен спој на општествени и историски настани, за кои, всушност, даваат важно и корисно навестување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно во очај, проклет да бидам, тоа немаше никаква смисла.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кршењето на клучалката не би доаѓало предвид зашто вратата е направена од букови талпи, така што таквиот обид не би имал никаква смисла, а железните лостови се вкопани во појасите од ѕидот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И. К.: Мислам дека малку воопштувате.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да се биде пресвртница, “првиот современ уметник”, нема никаква смисла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција ѓоа на мостот на воздишките ќе ја сретнев калуѓерката од под чиј фустан Џакомо Казанова избега под друг фустан, оти за него бегството на слобода немаше никаква смисла без бревтање во зоната под фустаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
АКО СЕ РАЗБУДЕВ ПОРАНО ТОА УТРО ВО ВЕНЕЦИЈА
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)