никаков (прид.) - намера (имн.)

Немам никаква намера да одам наоколу како рекламен агент и да се борам за некој нов, од бога даден, правец кој сега треба да биде замена за сите други.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ете, воздивна, без никаква намера стана најомразен кај оние што со него го делеа родот и потеклото, кај племињата израелски на кои им припаѓаше, по татко на едните и по мајка на другите, а по раѓање и по образование на сите како на народ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Работодавачот на почетокот начелно се согласи на ова, но во наредниот период не исполни ништо од ветеното.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како резултат на владините политики за нов начин на пресметка на платата во комбинација со алчните политики на работодавачот (на кои им се отвори можност, со разни манипулации, да не го исплаќаат надоместокот за исхрана) – на почетокот на 2009, платата на Ѓорѓиевски изнесува околу 9.500 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако Ф. И. увиде дека работодавачот нема никаква намера да го оствари ветеното, конечно се реши да покрене работен спор пред основниот суд во нејзината општина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако работниците јасно увидуваат дека работодавачот нема никаква намера да го исполни ветеното, во текот на месец март 2009 година, повторно го активираат штрајкот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во одговорот Тито исто така бил дециден но и неискрен, бидејќи истакнал дека идејата за федерација меѓу Југославија и Бугарија или со некои други држави не е интерес на Југославија и дека немал никаква намера да припои територии од Бугарија кон федерална Македонија пред одржување на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но Меклин, како искусен политичар, од разговорот со Тито сфатил дека сите прашања во однос на федерацијата биле решени меѓу Москва и Тито и дека само се подготвува јавното мислење за прифаќање на промените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ти, и кога би ме сменил, не би издржал повеќе од половина час да не ја прекршиш стражарската дисциплина и да не се вовреш кај неа, а јас ти веќавам дека, ако ме смениш, немам никаква намера да одам да спијам и да се откажам од мадемов што сум го открил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Онака, сосема случајно, без никаква намера го реков ова.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)