Повеќето од луѓето не му обрнуваа никакво внимание на Винстон: неколкумина се обѕрнаа по него со претпазливо љубопитство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас веќе сосема ги имав пленето сите во класот со мојата уметност на разбојот, и бидејќи изведував секакви вратоломни фигури на разбојот, бев еден вид општ херој (освен за Луција, која од инает не ми посветуваше никакво внимание; јас веќе реков дека тој инает тогаш не го сфатив онака како што требаше, како маскирана наклонетост, оти бев во бестрага чесен и неупатен во општествено верификуваните ритуали на маскирање на чувствата, па за мене инаетот значеше – инает и ништо повеќе).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И што добив како одговор?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еднаш ја прашав мајка ми што е тоа што се случува со мене и со огледалото и зошто порано, кога бев помала, не му обрнував никакво внимание, иако во мојата соба стои откако паметам за себе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ќе ми изгореа за малку колачите, - викна оттаму, и не ни обрна веќе никакво внимание. Колку ѝ бев благодарен.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На она буржуи не му обратив никакво внимание бидејќи знаев дека го има спечелено на работното место.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не, не, тие не очекуваат никакво внимание, тоа само така ви се чини, бидејќи пред нивната убавина ќе се почуствуваш некако потфрлен, понижен.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Јован! Јован ти си? - повторно замолчи и се збуни, додека третиот пат не викна, - Злато, дај ми ја мајка ти!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дино не ми обрнуваше никакво внимание.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но овој на тоа не му обрнува никакво внимание.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)