низок (прид.) - таван (имн.)

Застана за да не си го удри челото од една издадена, рачно изделкана греда, што беше поставена преку нискиот таван.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
(Блиска иднина, на пример 1999.подземна бетонска скривница. Тешка металпа врата со брава. Низок таван, со кружен отвор со метален капак.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Потоа јасно видов: собата имаше низок таван, ептен мали прозорчиња и земјен под.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Аргир во тој миг стана, го стегна војничкиот појас, на глава ја втисна капата, ја подигна јаката од шинелот и, наведнувајќи глава за да не удри на нискиот таван од земјаниката, молкома излезе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гледаше без трепкање и со вкочанет поглед во нискиот таван.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)