Оттука е разбирливо зошто ваквиот ограничен концепт оди рака под рака со нискиот статус што го ужива преведувачот, ставајќи акцент на разликата помеѓу писателот и преведувачот обично на штета на вториот. Hilaire Belloc го резимираше овој проблем во Taylorian lecture On Translation уште 1931-та, неговите зборови се актуелни и денес: Уметноста на преведувањето е изведена уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Проблемот на евалуација во преведувањето, тесно поврзан со веќе споменатите проблеми на нискиот статус на преведувањето, им овозможува на критичарите да дадат своја изјава за преведените текстови од позиција на лажна супериорност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Преведувањето е прифатено како секундарна активност, повеќе „механички“ отколку како „креативен“ процес, секој што има макар елементарно познавање на јазикот на кој се преведува се смета за доволно компетентен; со други зборови, професија со низок статус.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тука е и најголемата иронија на целата оваа дебата; сите тие големи научници кои ја одбиваат потребата за научно истражување на процесот на преведувањето, поради неговиот низок статус во академскиот свет, во исто време им предаваат голем број преведени дела на студенти кои зборуваат еден јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)