Насекаде ниски куќарки, најмногу на кат или два, сите свртени кон морето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По стреите на ниските куќи ќе се влечат проѕирни сеништа. Негде ќе струже невидливо штурче.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сонцето одамна се слизнало зад запчестиот планински срт, приквечерината незабележено се довлечкала до селото, ниските куќи исплашено се стиснале до неплодната земја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега му се сторија уште потивки и поосамени: фенерите почнаа да се појавуваат поретко – очигледно, тука веќе не се давало толку масло; се појавија дрвени куќи, тараби; никаде жива душа; светкаше само снегот по улиците и тажно се црнееја заспаните ниски куќарки со навлечени капаци.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога врвеа по улицата од Бит Пазар до Чаир, притисната од двете страни со ниски куќарки што одвај ѕиркаа врз ѕиданите огради, полна со деца и жени повеќето наврени во шалвари и понекоја со црн зар преку лицето, сурати што не наликуваа на Македонците, Пелагија зажала што Мурџо не е со нив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Лево ги препознаваме ниските куќарки, истата калдрма, а пред палатата прекопан е малиот паркинг, ширум е отворена искривената железна порта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)