Без да бидам вкоренет во ниедна религија, во мене постојано преовладуваше неодреден атеизам што најчесто завршуваше во рамнодушност кон мојата верска припадност.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Оваа рамнодушност кон конфесијата ќе биде на некој начин ратификувана во моментот на националната независност на Албанија во 1912 година, кога новата држава одлучува ниедна религија да не биде прогласена за „службена“.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Нашата партија тоа го увиде на време и во 1967 година, како што ви е познато спроведе тотална забрана на религијата, а од 1976 година новиот Устав одреди албанската држава дека не признава ниедна религија и работи на атеистичка пропаганда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)