ниеден (прид.) - дрво (имн.)

Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од секаде дува, а ниедно дрво не се мрда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)