нивен (прид.) - цврст (прид.)

Колку и да се мачев, со сите сили, да ослободам текови од ова време, јас не стигнав до времето на семејството на мојата мајка, до нивниот цврст, но откорнат корен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа нивна цврста прегратка им даваше дополнителна духовна сила со која на болестите гледаа како на ветровен кијамет, кој дува и поминува. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаев дека Јан Лудвик ме сака; но јас веќе половина година гледав во Земанек, и мене само Земанек ме интересираше; со него излегов одвај десетина пати, кога Земанек ќе успееше да се ослободи од Јан; Јан беше како приврзок на Земанек, и јас не можев да му закажам состанок на Земанек; мислам дека и Земанек избегнуваше да се види со мене, поради таа нивна цврста пријателска врска.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нивната цврста прегратка како да покажуваше и зачеток на уште нешто... Со својата камера младата новинарка го следеше искачувањето кон врвот и на другите учесници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)