нивен (прид.) - сопствен (прид.)

а) Задржување на сопствени македонски борбени единици во рамките на ЕАМ. б) Задржување на сопствена политичка организација како интегрален дел од грчкиот национално ослободителен фронт. в) Целосно право на самоопределување вклучувајќи го и правото да се отцепи или приклучи кон која било држава по нивен сопствен избор.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И асоцијациите се надоврзуваат една на друга, така што најадекватен дијаграм на сето тоа би била нивната сопствена ротирачка спирала. 184 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но тоа не е точно: зад тој привид стоеше мртвиот универзитет, стоеше мртвата култура, чии што предизвик беше дофрлан до 18 Margina #8-9 [1994] | okno.mk властите, и во ист момент евентуално нивната сопствена смрт - преобразба во непосредна жртва, што поправо беше самата долгорочна операција на системот: ликвидација на културата и науката.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Компјутерите се исто така машини-автисти и самци, она поради кое страдаат и се одмаздуваат е страшната тавтологија на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Критичарите, пак од друга страна, често вршат проценка на преводот од едниот или другиот аспект на две ограничени гледишта: од тесните погледи кон верноста на преводот (оценка којашто може да биде направена само во случај критичарот да ги познава двата јазика) или од точка на третирање на текстот на ЈЦ како дело на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, истата таа идеја ги лиши од било каква моќ во нивната сопствена заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ете, значи, поданици кои дословно се инкарнирани со угнетувањето чии што се жртви, принудени да се препознаат во државата што ги сотира мавтајќи им пред очите со нивниот сопствен лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Милан и Кети беа стоички луѓе и многу практични, на нивни сопствен начин, но како прости селски луѓе, вродено веруваа во моќта и влијанијата на работењето во универзумот, нешта што тие не можеа да ги разберат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По цена на нивниот сопствен живот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Грците биле преокупирани од можностите за постигнување сојуз меѓу Бугарија и Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој истакнал дека "на балканските конференции одржани во Атина, Истанбул, Букурешт и во Солун, Бугарите секогаш биле опседнати со нивната сопствена ситна национална работа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
7. На луѓето коишто чувствуваат дека им е грабнат нивниот сопствен социјален идентитет, прафашизмот им доделува една единствена и најчеста привилегија: дека се родени во иста земја. Тоа е извор на национализмот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но, бидејќи конкретното страдање било нивно сопствено, ниту Дејвид Мекдијармид ниту италијанските вдовици од Фајер Ајленд не може баш да се обвинат дека биле лефтерно рамнодушни кон него и дека биле сомничави кон неговата стварност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој знае оти нив ги убива нивната сопствена сила.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Најимпресивните од нивните панели се бават со едно амбивалентно прифаќање на нивната сопствена смртност, и со проблемот близок на секој соработнички пар - што ќе се случи со едниот кога другиот ќе умре.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Major Victory, меѓу Викторијанизмот на нивната пркрасна куќа, останува клучно уметничко искуство, перформанс на совршена рамнотежа и мистерија што ве остава збунет, токму како и вистинската природа на нивните животи заедно, нивното финално кодирање.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нивниот цинизам секогаш ќе биде далеку од тоа да го дофати објективниот цинизам на масите во поглед на нивната сопствена суштина (тие не ја ни имаат).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Замката на политичкото и сексуално ослободување на жената беше токму во тоа што на жените им се влевала вера дека се жени: тогаш идеологијата на женственост е таа која ја зема превласта, а правото, статусот и идејата, сето тоа победува со верување во нивната сопствена суштина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За уметниците чија работа е нивната сопствена митологија, дилемата е во предметите, објекти коишто можат да се собираат, во императивот да се прават нешта за да се заслужи името уметник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Оваа провокација, и степенот на нејзината искреност, или симулираност, е предизвик којшто дендиите отсекогаш му го поставувале на општеството; на потребата да се раздвојат фактите од фикциите, позата од целта, таа опсесија на конвенционалното мислење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Битието нивно, всушност, многу страда: што сонот им е полн со кошмарни слики исто како нивното јаве, а за капка љубов молат, клечејќи пред самите себеси во нивниот сопствен манастир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Живееше со сина си и ќерките во нивната сопствена куќа како кираџија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)