нивен (прид.) - семеен (прид.)

И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прелесно сум излегол од нивниот семеен стратегиски видокруг на спасот на семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чувствував длабоко во неа дека тивко ме прекорува што пресилно и пребрзо сум ја предизвикал големата Историја, за која и Татко би имал поздржан однос.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)