нивен (прид.) - последен (прид.)

Во далечниот XIV век, Отоманците, понесени од дотогашните победоносни походи, упатени кон северните предели на Европа, кон Виена, најсилни упоришта имале токму во оваа Тврдина, како нивна последна отстапница, при сите напуштања на Европа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше тоа нивниот последен поздрав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тој, како и Татко, фанатично веруваше дека единствениот спас за нив и за нивните семејства, по сите пропуштени шанси во нивните ветувачки кариери, едниот во Цариград, другиот во Париз, нивната последна утеха, беа книгите, само со нив и во нив се чувствуваа како победници со неостварени илузии. И само книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вечерта Рада се сети на аманетот што ѝ го даде тетка ѝ при нивната последна средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпосле јас сакам да мислам на своето утре.“ Брат му беше изненаден. „Секако, не си песок“, рече како да го заборавил нивниот последен разговор. „Седи.“ Седна и ја впи канцеларијата во својата свест еднаш за секогаш наслутувајќи зад студените ѕидови строги и непознати дамари.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон бараше во познато лице нешто, брчка или боја, грч некој, што ќе го откриеше сеќавањето на нивниот последен разговор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По стиснатите веѓи и брчките околу усните на богословот знаеше дека ова не е нивен последен разговор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Инаку што можеше друго да значи нивниот последен ден во селото, последната нивна средба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зарем нивната последна плоча Jesus Christ Super- stars не е хевиметал?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дали е сигурно тие да бидат повикани?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Главата на композицијата прво ги влече натаму, па нивниот последен вагон ќе стигне до таму каде што беше главата и при тоа Чана открива долу во црната кал ту некоја откафтена вратичка од долапче, ту бовчуле, ту заштукан чевел, ту кокошка која пафкајќи со крилјата не знае на каде да фати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чанга гледаше голема несреќа во намерата на новите победници да ја нацртаат на хартија идејата на социјализмот, како план, и да им ја фрлат на луѓето, како нивна последна грешка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко и двајцата гости се однесуваа како на нивната последна заедничка вечер.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)