нивен (прид.) - нов (прид.)

Неговиот разговор со книгите беше потрага по нивниот нов распоред, секогаш во функција на настаните што се навестуваа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Новите реформи кои предвидуваа во модернизираните воени единици да се сочуваат зачуваат само најдобрите јаничарски трупи, доведоа до нивна нова генерална побуна кога тие на 15 јуни 1826 година ја запалија палатата на големиот везир и ги бараа главите на реформаторите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Добрите луѓе им дозволиле таму, меѓу редовите на лозниците, да изградат соба од ќерпич, внатре ја послале со слама и, на четири кола врзани со сиџим и рогозина, навечер долго се гледале во очи, додека месечината го осветлувала нивниот нов дом.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Каде? праша нивниот нов спасител, ангел чувар со поголемко меше, салам проретчена коса и наочари со дебели стакла.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Корец седи скршен во нивниот нов квартир, додуша во најголемото еврејското гето именувано според баронот де Хирш, јудејскиот добротвор кој пред половина век го намени за засолниште на Евреи избегани од погромите во Кишинев и Мохилев.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мириса на пролетни цутови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па сепак, во вечерите, откако ќе заспиеја децата, додека му шепотеше во постелата, таа го тераше да ги прифати тие промени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа навиваше за нивниот нов почеток. За некаде другаде, каде било.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пелагија не само што најмногу се израдува, туку таа и неколку пати ги посети запознавајќи ги благодетите на нивниот нов стан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со заработените пари од ловот живеат до нивното ново херојство, до нивната нова матанѕа, по неколку месеци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие тогаш ги креваат мрежите од длабините на морето, ги повлекуваат чуновите кон брегот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)