нивен (прид.) - единствен (прид.)

Во однос на нивниот живот истакнува дека е многу едноставен и нивна единствена грижа била да обезбедат доволно храна за да се задоволат себеси и своите фамилии преку зимата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Разголен и сам со чудење ја сеќаваше силината на нивната единствена цел, додека се со него: со секое свое давање да исплетат мрежа за многу поголемо и сигурно земање.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но тие беа одамна помирени со судбините, нивна единствена грижа беше како да им помогнат на своите потомци да го разберат Балканот и подготвени да живеат во него без омраза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски, без дополнително да се договорат и да ги сообразат своите истражувања за новите зборови од листата, сега трагаа и по позитивното што можеа да го донесат зборовите со однапред пропишана негативна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во раните денови на Велвет Андерграунд, сите од Фектори таму поминуваа доста време и заедно се спуштаа во чајнатаун околу два наутро, а потоа на Флик на Втората Авенија на сладолед во четири или тука некаде.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Луѓето на амфетамин, всушност, и немаа свои станови, тие имаа „гнезда” - обично една или две соби, коишто можат да примат 14 до 40 луѓе, кои главно беа потполно параноични, бидејќи некој можеше да им го украде нивниот единствен Меџик Маркер или да остави вода во бањата па да се поплави аптеката во приземјето или било што.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Писмото кое беше испратено на старата адреса на живеење – од која Авдиќ се отсели уште во 1994 – беше со намера да се издејствува тој добие отказ поради, наводно, нејавување на работно место во период од 44 денови (откога Орхан го доби писмото, па сѐ додека не се појави лично во фабриката „Киро Ќучук“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За контекстот на целата ситуација, се чини битно е да се спомене податокот дека телефонскиот број на Авдиќ и неговата нова адреса на живеење им беа познати на фабричкото раководство бидејќи истите беа уредно пријавени во правната служба, но – според неговите зборови – очигледно е дека нивната единствена цел била да го отпуштат од работа, и тоа заради неговата блискост до „гарнитурата“ на претходниот директор кој, пак, беше од друга политичка партија, иако Авдиќ не е член на ниту една партија. 102
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сега стоеја, сите шест, со своите шилести муцки, опрени во неговиот прозорец, на десетина метра од него, а тој на своето лице просто го сеќаваше оној нивни единствен поглед, што го проголтнуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Родителите постојат додека ќе постојат. Хелвиг е нивни единствен наследник.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И понатаму: по која логика студентите беспомошно застануваат пред првата општествена пречка на патот до знаењето, по која логика на јавно ниво го премолчуваат проблемот и зошто нивна единствена реакција е регресијата во приватен трач?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)