нивен (прид.) - голем (прид.)

Тоа беше тивкиот оган на нивната голема љубов која никогаш не згаснуваше, а се смируваше и се зацврстуваше пред новите бранови на егзилското страдање.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во тоа му биле слични на нивниот голем узор Винсент ван Гог чиишто слики ги беа сретнале 1905 во дрезденската галерија Маргина 36 79 „Арнолд”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сонцето беше извишено далеку над планините кога Бахтијар-паша ја доби веста за извршениот трет напад од башибозуците и за нивните големи загуби.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Картагинците морале на крајот да се борат за да ги демобилизираат мерценерите кои по оваа војна кои станале нивна голема закана по оваа војна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мостовите се нивна голема игра и голема желба.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ни мајка ми немаше против, иако обично двајцата одбиваат да ми дозволат заедничко спиење во нивниот голем кревет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си легнавме истовремено и ги испреплетовме нашите раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со времето ја дознавав нивната голема трагика.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поради незнаење, го вадат на површина сопственото чувство, самосожалувањето, што е всушност нивни голем непријател, бидејќи е доказ за пораз пред нив самите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите сакале Балканот да биде последен пристан на нивните големи освојувачки походи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А списокот не бил обична хартијка туку вистински документ проверен и потпишан лично од нивниот голем генерал Деникин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ниту Татко, ниту Цветан Горски не можеа да замислат во мигот дека ги слушаат последните зборови во животот на нивниот голем пријател и учител, Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко сакаше и овој пат да ѝ зборува на Мајка, макар што за тоа немаше време, за своите нови откритија за јагулите, за нивниот голем пат и херојско враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа беше нивно прво сретнување во куќата откако исчезна нивниот голем пријател.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се случувало овие дамки од пепелта да бидат разлеани врз страницата, бездруго од Мајкините солзи, и да го означат релјефот на нивната голема љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мостовите се нивна голема игра и голема желба.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)