нивен (прид.) - брачен (прид.)

Тивко ја затвори портата зад себе, па отиде до нивната брачна соба и ја виде Гита и самата длабоко заспана, со раката по навика испружена и положена на неговата перница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Уште на почетокот на нивниот брачен живот тој сфати - иако можеби само затоа што неа ја познаваше многу подобро отколку што ги познаваше сите други - дека таа е без сомнение најглупавата, најпростата, најпразната душа со која некогаш имал работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку мужи и жени после 30 години брак благодарение на фантастичната Клеопатра открија дека нивните брачни партнери ги варале цел живот, а они биле заслепени овци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Потоа ја оттргна мислата која му се стори како прокоба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и нивната брачна врска? Најстрашно од сè - нивната љубов...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)