Меѓу нив немаше „Старосрбијанци”, а сите беа само од Македонија и по нивното образование, до доаѓањето нивно во Србија, во бугарски или во српски училишта, се делеа на: „бугараши” и „гркомани”. Меѓу нив „србомани” немаше.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во дворот Јанчески дотрчаа жителите на Потковицата и никој, освен Турците, не веруваше во приказната што лелекајќи низ дворот ја огласуваа Јанческите: Руса нивна во визбата, на некоја шајка, си го огрубела лицето, за малку и виделото ќе си го осакатела, но и никој не ја оспори гласно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Мора да се следи отисокот на зборовите, трагата нивна во каменот, оти друг начин нема, оти и ловецот по својот елен оди по трагите од нозете, по следите негови“, велеше Филозофот на нашето чудење од каде му истекна таква ука да чини умножение на таков начин, таму каде рака човечка и калем не достигаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)