нивен (прид.) - љубов (имн.)

Какви сведоци, се погледнаа асистентот и бруцошката, кога никој не беше сведок на нивната љубов, освен бувот на дрвото над нивната клупа?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За нивната љубов долго се зборуваше со занес на корзото и секое момчинско срце од сиромашките сокаци сонуваше за својот офицер од планините како за принц од бајките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На рана возраст во животот, во кои и да е миг кога стануваме силно свесни за своите желби, геј-мажите откриваат дека повеќето човечки суштества што нѐ привлекуваат ни најмалку не се заинтересирани за сексуална врска со нас, дека не ги привлекуваме и дека не може да ги привлекуваме и дека некои од нив самиот факт за нашата желба ги грози.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
(Сигурно, возможно е да се обопшти овој феномен на луѓе што не се геј- мажи, бидејќи сите во еден или во друг миг почувствувале дека голем број од гламурозните по кои желувале се над нив, недостапни, па дури и дека чувствувале одбивност; но барем хетеросексуалците не чувствуваат дека предметите на нивната љубов им се категорично недостижни, бидејќи спаѓаат во погрешниот пол, што е токму она што го доживуваат геј- мажите).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја стрелаа нивната љубов. Ја стрелаа љубовта за да ни биде моралот посилен!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На крајот остана само онаа страница на која беше напишана само нивната љубов, со нови, чисти страници на кои требаше да се пишува иднината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Подолго време, речиси неколку години од новата ренесанса на нивната љубов, се наметнуваше прашањето - зошто повторно не може да забремени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше среќа за којашто човек може само да сонува, сè до тој викенд кога Марија го изнајми автомобилот и тргна да ги посети своите роднини во Сарагоса, со ветување дека ќе се врати до понеделник во седум часот навечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Две години подоцна, нивната љубов сѐ уште траеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не смееш повеќе со нив да се дружиш, нивните зборови се лажни, нивната љубов е лажна, така мило ти се насмевнуваат додека им паднеш в раце, додека те зграпчат, потоа како малечко ѕвере ќе те фрлат во кафез, во строј, во редот, во проклетиот дом.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јасно му беше дека шансите за смирување и прифаќање на нивната љубов од страна на нејзината фамилија се минимални, односно невозможни, но, не можеше туку-така да се откаже, да се помири со фактот дека е крај на сѐ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мораше да се бори за нивната љубов.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во текот на еден љубовен дует на самата сцена и на двајцата им станува јасно дека нивната љубов всушност никогаш не згаснала, напротив, новата средба само уште повеќе ја разгорува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И покрај сите обврски дома и на работа, тој не престануваше да размислува што да направи, кој да биде следниот чекор кон повторно доближување кон Томаица, давање знак дека тој не се откажува така лесно, дека ќе направи сѐ нивната љубов да продолжи да живее.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Човечката гадина, човечкиот накот студентот тукушто ги беше засакал: сѐ уште го плашеа луѓето што ги познаваше, нивната љубов, работата во фабрика за надница и леб му се чинеа нечовечки.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И веруваше дека Стерјо е убиен од тие што биле против нивната љубов. Од неколкумина мажи од Крушица.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Авни ѝ пишуваше на Сања дека ја сака и дека сета приказна околу убиството на нејзиниот брат е насочена против нивната љубов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука може да видите заљубени парови, се држат за раце, испружени преку масичките со очи вперени еден кон друг како да постојат само за себе, не се ѕверат наоколу, ништо не ги интересира, само нивната љубов.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Нив двајцата. Нивната љубов.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Боже, дали ако таа знаеше, дека и Хелвиг ќе се вброи во нив, ќе се нареди од таа страна на таборот и тоа ќе значи крај на нивната врска, нивната љубов, нивниот заеднички живот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури и нивната брачна врска? Најстрашно од сè - нивната љубов...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас имам разбирање за нивната љубов Со топлата земја од која сите потекнуваме И се насладуваме од кратката сладост Што ја нарекуваме живот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Така опстојуваше нивната љубов, како постојана и најсигурна стреа на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како алка на нивната љубов кога смртта, само привремено, ги раздели еден од друг, книгите тре­баше да ги поврзуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Среде албумот, притиснат меѓу две страници, имаше некогашен разнобоен цвет, обезличен од времето кој сведочеше за среќните мигови во нивната љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сега, во оваа тивка ноќ крај реката, која повеќе не беше предизвик да се патува, Татко, посиромашен и за последните илузии, како да беше притеснет од Мајкиниот незаборав, на нивната љубов, на нивното единствено го­диш­но време на љубовта која не престануваше да цути во душата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Непреведлива нежност... – Не се оди далеку во спомените, лесно се станува нивни заложник! – се огласи Мајка, на чардакот, длабоко во ноќта, откако сопружниците си ги „отворија картите” за поединостите за Мајкината „италијанска врска” која ги криеше тајните на најсилните мигови од нивната љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нивната љубов се наследуваше, во некоја непредвидлива меандра, на патот на нашите животи. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој, пред неа, а тоа беше можеби најсилното во нивната љубов, можеше, до дното да си ја испразни душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И не само тоа, нивната љубов беше и заедничко гледање во иста насока, во насоката на постојаната борба за спасувањето на семејството во честите балкански разминувања со смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тоа беше нивната љубов, што ги чинеше посилни во одржувањето на семејството при налетите на судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таква беше нивната љубов.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И тоа беше нивната љубов што ги чинеше многу посилни во одржувањето на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Може и нивната љубов се остварува само низ плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но во нивната љубов да ти се вмеша лекарката Лидија Подувкина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)