да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и
ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со
нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни
човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас,
вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме
ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој
остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали
се англиски или грчки,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога се работеше за нивни човек, за комунистите најмалку важно беше образованието.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Други се восхитуваа - нивен човек, прост и корав, а ваму шпион!
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)