Потпрен на камен, чекал тој звук да се спушти од височина и со удар на остар клун да му ги смири дамарите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И песната, и луѓето, и нивната цел, сѐ, и несвршената караница, се оддалечувале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Амбар на животот, Охридското Езеро како база за заминување на јагулите во исто време нивна цел, врз основа на вечното враќање; езерото учествува во циклусот на генерациите и неговите струи го вртат тркалото на времето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ние сакавме да покажеме оти и покрај нашето образование и воспитание во разни држави или пропаганди, ние претпочитаме сите да направиме отстапки од своја страна за општомакедонските интереси, за да не бидеме орудие во рацете на пропагандите и на нивните цели: за да не се стремиме кон соединување ни со Бугарија, ни со Србија ни со Грција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Колку нивниот живот е вистински? Веројатно онолку колку што е остварлива нивната цел.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Во ова ниво доминираат перцепциите, мислите, спекулациите, реализациите и заклучоците, и многу од нив се во однос со: (а) определувањето на желбите и на склоностите на ликовите, (б) идентификацијата на нивните лични квалитети и на карактеристиките на нивните односи (в) појаснувањето на нивните намери - на пример, нивните мотиви и нивната цел - и (г) определувањето на вредностите и верувањата на ликовите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И сѐ што се случува на тоа патешествие низ животот секој со сопствениот к’смет и табиет е непознато, симболи, пораки и вистини на непроговорени јазици, само времето ќе ја открие нивната цел, ќе одживееме и ќе отпловиме некаде во вечноста, во утробата на универзумот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)