Помеѓу 1933-34. ја истражуваше можноста за хроматска организација на низата од 25 тона без повторување (Шест кратки инвенции, завршниот дел од триото Соло со неизоставно следење на два гласа во канон); 1935-38. користеше фиксирани ритмични структури организирани по принципот на серијална техника; од 1935. постојано прави дела во кои ја комбинира играта, филмот, театарот, ТВ-то; 1939-56. компонираше музика (Прва конструкција во метал) во која ритмичната компонента е организирана на основата на истите пропорции на малите и големите делови; 1938-51. настанаа делата во кои е нагласена (ориенталната) експресивност (Сонати и интерлудии); од 1951. ги користи “операциите на случајот” и посебните, за нивна употреба направени табели; 1952. настануваат неговите најважни откритија, помеѓу останатото и примената на несовршеноста на хартијата при одредувањето на структурата на делото според Ји Џинг; 1954 ја воведува неодреденоста, прво во делата без однапред одредени односи помеѓу деловите (Варијации); 1958. настануваат композиции без фиксирана партитура, но одредена при самата изведба; 1967. користи компјутер за одредување на звучните и композициските параметри; 1969. ги конципира делата во кои ја укинува разликата помеѓу изведувачот и слушателот (33 1/3); од 1961., кога излезе книгата Тишина, развојот и промената на музичките искуства ги следат теориските и мислените ставови кои ги изложуваше во текстовите (претставени во Маргина).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ричард Костеланец Џон Кејџ (1970) Кејџ (2) Имагинативна конструкција Кејџовото творештво може да се набљудува како процес на постапни промени и иновации настанати како резултат на специфичното музичко-мислено занимавање. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 171
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во почетокот на четириесеттите години настануваат Кејџовите важни познанства со уметниците - Марсел Дишан, Марс Канингем, Вирџил Томсон, Ласло Мохоли- Наѓ, Макс Ернст, Пит Мондријан, Андре Бретон кои подоцна се прошируваа и според Кејџовото признание опфаќаа влијание од неговите учители, пијанистот Ричард Булиг и композиторот Хенри Кауел, Адолф Вајс и Арнолд Шенберг, потоа композиторите и уметниците, неговите современици и истомисленици, Лу Харисон, Алан Хоуханс, Мортон Фелдман, Ерл Браун, Кристијан Волф, Дејвид Тјудор, сликарите Роберт Раушенберг и Џаспер Џонс, скулпторот Роберт Липолд, зен-учителот Д. Т. Сузуки, ботаничарот Гиј Г. Неринг, својот татко, пронаоѓачот Џон Милтон Кејџ, интелектуалците и мислителите Норман О. Браун, Маршал МекЛуан и Бакминстер Фулер, па сѐ до оние кои ги познаваше преку нивните дела - Ерик Сати, Антон Веберн и Едгар Варезе.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Додека очекувавме Татко да го добие Орденот, гледајќи го како работи, и дење и ноќе, за разлика од другите, помладите од него, но партијци, кои, на Први мај или на другите празници, излегуваа, со гради накитени со по два, три, па и повеќе ордени, ние почнавме да ја разбираме многу повеќе смислата на ордените и нивната употреба од власта.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На ова место тие категории ќе ги третирам како провизорни патокази чиешто значење поостро ќе биде оцртано кога ќе ја разгледуваме нивната употреба во различни контексти.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но ниедно од овие две тврдења не следи од првото, ниту пак разлозите за нивното порекнување ја повлекуваат невозможноста на првото.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ова, заедно со паралелните поенти извлечени во врска со првите две прашања, сугерира дека е можно да се раздвои Витгенштајновото гледиште дека значењето на изразите во јазикот, главно конституирано од правилата за нивна употреба, мора да биде јавно по карактер, од неговото гледиште дека не е можно нечие разбирање на некој израз или правило да се состои од една внатрешна когнитивна состојба на таа личност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Неговиот мотив е дека доколку ние мислиме дека јазичните игри секогаш би требало да бидат ограничени од правилата, тоа би значело дека повторно би ја прифатиле идејата на Tractatus-от за фиксирани правила кои лежат во основата на јазикот, или поопшто земено, на еден поим за смислата на изразите кој е објективно детерминиран, независно од употребата која им ја наметнуваат говорниците на јазикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овој вид гледиште, општо речено. е фрегеовски; тој се сведува на исказот дека она што на изразите им дава смисла го трансцендира тоа што за нивната употреба го знаат говорниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога би постоело такво нешто, продолжуваат инпликациите, од сопствените когнитивни ресурси би можеле да препознаеме дека коректно употребуваме некој израз, (или, поопшто, следиме некои правило).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но дел од случајот на приватниот јазик се состои во тоа што бидејќи не би можело да има независна проверка на нечие употребување на овие внатрешни когнитивни ресурси, човек не би бил во состојба да ја препознае нивната употреба како коректна, и според тоа, за него воопшто не би можело да се каже дека го употребува изразот (го следи правилото).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Доколку смислата на изразите во јазикот е конституирана преку правилата за нивна употреба, и доколку тие се можни единствено врз основа на согласноста во рамките на една заедница, следува дека јазикот е нужно, т.е. логички, јавен.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Заклучната поента, во поглед на врската помеѓу следењето на правилата и размислувањата за приватниот јазик, е следнава.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Клучниот проблем во врска со легализацијата (која се содржи во тоа што нејзините заговорници ги предвидуваат можните негативни последици, а ги преувеличуваат можните позитивни), претставува тоа што легализацијата на продажба на тешки дроги неминовно би довела до зголемување на потрошувачката, а што најскапо би го платиле најсиромашните и најзагрозените општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како и многу други приврзаници на легализацијата на тешките дроги, Бендоу постојано, иако без докази, повторува дека поголемо зло претставуваат проблемите кои произлегуваат од забраната за уживање дроги, отколку од самата нивна употреба. Таквиот став ми се чини многу наивен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Јавниот простор обично се дефинира како место (или простор) создаден и одржуван од јавен орган и достапен за сите граѓани за нивна употреба и уживање.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како таков, тој допира многу дисциплини, меѓу кои географијата, архитектурата, историјата, политичката економија, урбанизмот, антропологијата, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие можат да покажуваат сложено, хаотично поведение што ја отежнува нивната употреба за создавање на прецизни претскажувања; можат да бидат нестабилни, така што и најмали промени во еден дел од моделот да доведуваат до многу големи промени во неговите претскажувања; можат во себе да вклучуваат некои величини кои што, едноставно, не можат, ниту во принцип, да се пресметаат; во нив може да има некакви врски што тешко можат да се разберат а нѐ спречуваат да го анализираме поведението на моделот со тоа што, на пример, би го разбиле на помали и полесно сварливи делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)