нивен (прид.) - татко (имн.)

А Богдан го засакаа така силно зашто дознаа дека Шандор не им е вистински татко: мајка им им кажа дека нивниот татко умрел кога тие биле малечки и дека таа се премажила за Шандор и сè било добро додека тој не почнал да се однесува кон нив сурово, да ги тепа и да бара начин да се ослободи од нив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И обајцата се вратија на Балка­нот, носени од соништата на нивната мајка кон Истокот и од нивниот татко кон враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нивниот татко бил со нив. И мајка им била таму. Тоа било доволно. ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од средината на купот се подаде главата на нивниот татко, долго се креваше над купот, како да доаѓаше од некој друг свет, како никогаш црн во лицето и со заматен поглед во очите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Колку многу среќи на едно место,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На секои неколку чекори Сара нѐ замолуваше да подзастанеме, не затоа што ѝ беше тешко да оди, туку затоа што сакаше да се загледа во оние нешта покрај кои ние минувавме без да ги забележиме, затоа што беа дел од нашето секојдневие: мајка и дете седнати на клупа им фрлаа трошки на гулабите, сликар стоеше покрај штафелајот и сликаше една бреза, девојка водеше под рака слепа старица и ѝ раскажуваше за светот што се пружаше околу нив, две деца копаа во земјата со рацете а нивниот татко читаше весник и не забележуваше како тие пронаоѓаа црви, млад човек се беше сместил како на фотеља на гранката на огромниот даб и потсвирнуваше, момчиња играа со топка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Старата мајка, сега скршена останата со двата сина - едниот со изгубена надеж да оди кон Цариград, а другиот да замине за Лондон, не можеше да ги спречи, како некогаш нивниот татко, да заминат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Е, веќе во куќата почна да ни оди добро. Ние имавме многу волови, оравме со два–три ѕевгари, коњи, овци имавме петсто, молзници едно чудо, имавме и двајца момоци за работа, наши братучеди од Цапари, а подоцна со нас дојде да живее и нивниот татко, тој беше болен и сакаше тука да умре, при децата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)