нивен (прид.) - сон (имн.)

Започна, на свој начин, да го интерпретира и да го замислува нивниот сон според кој, доколку се комбинираат до бескрај една завршена, одредена серија од букви, односно знаците на една книга, би можело, еден ден, да се открие името на Бога, односно неговата тајна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше дискретен повик Татко да се по- врати од книгите, од нивниот сон којшто го повлекуваше во некакво заедничко запирање на времето...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додека Исток се будеше во жестокиот антисоветски и антикомунистички револт, на чие чело застануваа Вацлав Хавел, Лех Валенса во самоуправна, неврзана, демократска Југославија, преовладуваше дефетизмот и конформизмот на некогаш среќни владетели -утописти, кои не можеа да веруваат дека нивниот сон завршува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стариот вагон со будно срце го слушаше дишењето на двете уморни деца, бдееше над нивниот сон и блажено шепотеше: - Јас, јас ними сум им дом! Има ли поубаво од тоа!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стрепеше над нивниот сон и се плашеше со настапувањето на денот да не ги изгуби и нив.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Животниот интервал не е доволен нивниот сон во јаве да го претворам.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)