нивен (прид.) - слобода (имн.)

Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На немилата ситуација, да не должам понатаму, ќе ѝ ставиме крај со вкупниот откуп за нивната слобода, што успеав да го издејствувам пред воените власти”, полн со ентузијазам им објаснува д-р Мертен на соговорниците од Координациониот управен одбор и претседателот на солунската еврејска заедницата Сабетај Салтиел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Африканската музика обележува практично сѐ што правам - дури и амбиентот, бидејќи тој произлегува директно од желбата да видам што сѐ ќе случи ако ги „отклучиш“ звуците во дел од музиката, им ја дадеш нивната слобода и не ги навиеш сите според еден ист часовник.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овој беше прв напад на нивната слобода, затоа тие не го предвидуваа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Наша слобода - наша желба и нивен пораз и понижување; нивна слобода - наше уништување; наша слобода - нивно уништување...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Слобода... Нивна слобода - нивна желба и наш пораз и понижување...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За надниците на стручните работници се проценува дека до завршувањето на различните работи ќе бидат потребни од три до пет милијарди драхми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)