Времето си го стори своето. Старите родители на Татко сонуваа како подобро да се ожени најстариот син, бездруго со невеста од сој, невеста достојна за нивниот син.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беше благодарна од дното на душата за сѐ она што ова семејство го беше пружило за нивниот син.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Најмалиот од трите Крстеви синови, Тодија, тогаш со секира си ги уби брата си Трајана, средниот, снаата Босилка, која беше трудна во седмиот месец, и првиот нивни син, Драгомана.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи: - Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели: “Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе зборуваат на грчки јазик.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Исто така ѝ стана јасно - неговите родители очекувале дека ова поврзување на нивниот син со туѓинката ќе биде обична забава.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Која од еднобоштво и многубоштво (хаос, Уран- Геја, Крон- Реја со синовите Сеус- владетел на светот, Посејдон- владетел на морињата и Хад- владетел на подземниот свет, па ќерките : Хестија, Деметра и Хера , односно семоќните немирни 12 олимписки богови меѓу кои и Македон- епонимот на Македонија и со кои неприкосновено владее Сеус, кој сѐ гледа, сѐ знае и сѐ може, а нему му помага неговата сестра Хера) подоцна преминува во еднобожна религија: Сеус –Марија и нивниот син Исус Христос , Синот Божји, сос крстот!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)