Тие така и треба да се сфатат, како бегло на суштинско за мене допирање на прашањето што си го поставив самиот за смелоста на млад поет на почетокот на своето творење да пее за Рацин, прашањето што си го поставувам и сега како и во сиве години во кои зад квантумот стихови и книги, но не и во нивна сенка, живееја овие стихови.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Под нивната сенка е еден гроб; тој гроб сум јас, кловн, и сонувам нож и крик на неа, сонувам две жени дојдени на таа замја од два чекори, да напуштаат и да бидат грабнувани.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Полека ги придвижувавме прстите по воздухот, ги размрдувавме, преку нивната сенка гледавме како се соединуваат и оддалечуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Рајнер гледаше во сенките, и првпат толку долго неговите очи не бегаа во празнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се плашат и од сенките на птиците случајно што ќе прелетаат над нивната сенка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тројцата браќа почнале сомничаво да се гледаат, внимавајќи врз незавршениот ѕид да не падне ни нивната сенка, зашто кога нема друго, тогаш во градбата може да остане душата на оној чијашто сенка в мигот ја заробила градбата умира како несреќник кого што го погодиле љубовни јадови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ќе вршат насилства над нашата женска челад; очекуваната жетва по полињата ќе ни ја испозапалат; луѓето ќе ни ги распнат на страшилата по овоштарниците и така тие ќе се претворат во храна за гавраните.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од совршеноста и од површноста, од спомениците и од нивните сенки, од успешните и од веќе видените, од нормите за добро однесување.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Пилиштата ни го затскриваат сонцето и нивните сенки ни паѓаат над лицата, на дланките.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)