Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Наследиле од нивните родители, кои добро заработиле во војната... правејќи оружје... убивајќи невини... Тоа нивно семејство...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нивните семејства, останати сами, биле изложени на глад и страдања.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Имаше мудрост, голема мудрост во советот на покојниот Татко, којшто Мајка умно го спроведуваше одржувајќи ја рамнотежата помеѓу сите свои израснати чеда, со нивни семејства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Откако повеќе не ја мачеа Татковите илузии на заминувањето, а враќањето во времето го беа исклучиле обајцата, зашто во родната земја настапија тешки времиња за обете нивни семејства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)