нивен (прид.) - свршувачка (имн.)

Ех, тага ле, откако се знае Потковицата себеси, небидница владее со жителите нејзини, таа си ги коренува...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само, човек се прашуваше: кого ли редат луѓето - дали умрените, дали татко им Ѓорета, кој, поради пуста Македонија, ни за нивната свршувачка ни за нивната умирачка не беше тука, ни да им се изнарадува ни да ги исплачи, дали мајка им Илинка, која, во еден миг, како што стоеше на работ од гробот небаре скаменета и без солзи, туку рипна внатре во гробот, го прегрна ковчегот и викаше, молеше, заколнуваше и неа, заедно со ќерките, жива да ја закопаат...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Татко, со години, ги поднесуваше Мајкините занеси од нејзината „италијанска врска”, започнати од времето на нивното единствено заедничко патување во странство, дваесет години по нивната свршувачка, на нивното задо­цне­то брачно патување во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)