нивен (прид.) - самотија (имн.)

Посакував да можам да ги видам сликите кои трепереа во нивните мечтаења и да ги насетам нивните мисли, сакав да знам што ќе си речеа кога би паднале воздржаноста, непријатноста, срамежливоста, сакав да ги видам движењата на нивните тела во мигот кога желбата би надминала сѐ останато и би направила кожата на нивните тела да биде единственото нешто што ги одвојува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А понекогаш посакував да сум сведок и на она што се случуваше кога не беа заедно, она што им се случуваше во отсуството на другиот, во нивната самотија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остануваа експонатите во нивната самотија, вратени во оската на нивното реално постоење, по толкуте поместувања со реторичките тиради на водичите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)