нивен (прид.) - родител (имн.)

Малите јагулчиња во огромни јата долги и по стотина километри, гонети од инстинктот, тргуваат по патот на нивните родители, врвејќи го по две години за да дојдат овде во езерово...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нивните родители не можеа да ги поучат како се фаќа плен поради неискуственоста, и тие самите бараа модел. Бараа од некој друг да го препишат како лекција.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги учат да веруваат дека нивните родители се предавници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека Џеки и Белчо претставуваа голема радост за децата, за нивните родители станаа голема грижа, па затоа на еден состанок на куќниот совет се разви широка дискусија - токму за нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Овие Балканки, кога ќе го завршат училиштето, ни остануваат верни, веруваат во нас, како во нивни родители, заштитници!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)