нивен (прид.) - реон (имн.)

Потоа мајка ми ѝ соопшти на тетка Олга дека одам на конференција за млади метеоролози во нивниот реон, со тоа што сигурно и сите соседи во нашата зграда погрешно се информираа за мојот успех.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толе ги имаше сите адути над Организацијата да се истакне како ослободител.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мудурот, макар да не го изнесе случајот во Старавина на мулазимот, сепак го наговори да испрати една десетина, да прокрстари малку по нивниот реон колку да се види дека власта е будна, та да не се случи да му влезат и во самиот конак некоја ноќ, или да го запалат да изгори, како што му се фалеше Толе кај Сивета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тетка ми, бидејќи е сепак добра и умна жена, веројатно сфати како изреагирала и побрза да ми се извини и да ми објасни што се случило.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бахтијарпаша отсекаде добиваше извештаи дека бунтот е смирен, само витолишкиот јузбашија и мудур му се плачеа оти Толе уште врлува во нивниот реон и оти тие не се во состојба да го смират него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но оваа потера излезе вечерта, и преку ноќ накачи горе и го фати орманот, та дедот Joван не ја забележи за да му стори абер на Толета да се засолни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Имам мана да ја прехранам војската по овие села место да ја враќам назад по Анадол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)