Според талмудското верување, ако се открие нивниот распоред, се открива новиот свет, оживува мртвото време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко одамна го немаше меѓу нас, а Мајка, вардејќи ги неговите книги и нивниот распоред, постојано ја гледашесликата на Фетхи-беј Окијар, никогаш не дознавајќи ја, како и Татковата мајка, докрај тајната на неговото цариградско време и на неговите врски со мајкиниот роднина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Впрочем за бурињата и за нивниот распоред ѝ има зборувано и нејзиниот Томе и тоа повеќепати.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Добро. Утре ќе добиеш план за нивен распоред по единиците.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Требаше да се трага по смислата на неговите книги во неговата библиотека, во нивниот распоред и односи со другите книги, требаше да се трага низ еден лавиринт, за да се најде некаков излез, или влез во друг лавиринт, да се живее само низ утехите на потрагите, да се има спокој на надеж само на крстопатите на балканските лавиринти.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Никакви инструкции, и од највисоките центри на власта, во доменот на надворешната политика, не можеа да ги заменат татковите инструкции и кога го немаше, а беше присутен преку неговите книги, преку нивниот распоред на читање кој ми го остави во наследство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но сега, без Татко, сите овие книги имаа сосема друго значење, нивниот распоред ја означуваше Татковата стратегија на егзилот, на заминувањето, што го исклучуваше враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)