нивен (прид.) - рака (имн.)

Може ли таа за атер на Бугарија да ги навреди другите балкански самостојни православни држави, чија самостојност е извојувана со руска крв и со руски пари и да ги направи тие држави да се одвратат од неа кон другите западноевропски држави и да се направат во нивните раце орудија насочени против Русија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Она онаму е православната црква, Кирил и Методиј. Изградена е на иницијатива на македонските доселеници, од нивни раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Утредента по поминувањето низ сите вообичаени процедури, малиот синоок ангел беше во нивните раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Престава, велиш? Хм! Кметот за да не се заостри работата, му шепна на учителот: - Не лути ги... И оревот и каменот е во нивни раце...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Гарванов, кој од гемиџиите започнал да се плаши повеќе отколку од турските власти, решил да не дозволи оваа голема количина динамит да падне во нивни раце.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Порано помалку ми веруваа, а јас повеќе се нервирав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оти кога им ги покажувам потписите што ги носи мајка ми за мене и за брат ми од големите, најпознати во светот глумци, речиси и не ми веруваат дека се вистински автограми, и тоа баш со нивна рака потпишани.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој рече: „Среќен си ти што нивната рака не пресега и до тебе“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој стана, тие двајцата се бакнаа и додека сите гледаа во тој бакнеж, таа се ракуваше со него, иако обете нивни раце беа обвиени околу нејзините раменици.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секоја голема љубов почнува со три мали лаги...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Други луѓе не викаа на помош: сакаа подарокот да им биде исцело од нивни раце, жртвата да им биде поголема кон Богородица, за да и таа да им возврати со иста љубов: да им го донесе синот здрав и жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)