нивен (прид.) - пропаганда (имн.)

Бугарите го зголемија буџетот на Егзархијата од појавата на српската пропаганда: со други зборови ја засилија нивната пропаганда и нивните интереси во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше и свештеници осудени и на доживотна робија поради нивната пропаганда на нашите први демократски избори...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во нивната пропаганда за цело време се нагласува македонската национална независност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во почетокот на нивната пропаганда Србите и не мислеа да ги прават Македонците Срби; тие сакаа просто да создадат во Македонија редум со бугарските и српски интереси, така што во времето на решавањето на македонското прашање да добијат колку што се може поголем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)