Верувам дека во првата година од животот, меѓу другите, се јавуваат следните дистинкции: 1. внатре и надвор 2. задоволство и болка, пријатно - непријатно 3. реално и не-реално 4. добро и лошо 5. јас и не-јас 6. овде и таму 7. тогаш и сега За сегашните цели ирелевантна е возраста на која се создадени овие дистинкции: или дури и нивната природа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Овие интелектуалци, најдени среде ужасите на војната, вкопани со месеци во рововите на смртта, во интервалите кога биле поштедени од смртта, го следеле животот на луѓето крај нив, нивната природа, песни и јазик, носии и обичаи, во надеж дека заедно ќе преживеат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таква беше и судбината на офицерот и славист Андре Мазон, кој не се врати од бојното поле со медали, туку со книги за опстанокот на обичните луѓе, недолжните жртви на Големата војна која ја водеа Големите сили и нивните балкански поделени балкански сојузници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)