Сега членовите од Тројниот сојуз имаат одделни спогодби по меѓународните прашања, работат заедно по нив и ги парализираат сите каприци на малите држави, кои со тие каприци сакаат да ја изменат политичката рамнотежа во нивна полза.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мајсторот не почнува анализа на партијата, како што прават обично оние што загубиле, докажувајќи му на победникот како и од каде можела партијата да земе поинаков тек, во нивна полза, но правејќи го тоа повеќе за да ги смират нервите и да не изгледаат многу потресени.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Србите направија преврат и во сфаќањата и стремежите на Македонците, преврат вистина не и во нивна полза, но уште помалку во бугарска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со тоа, можеби, востаниците сметаа да ги предизвикаат европските кабинети да се замешат во Европска Турција во нивна полза?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бугарите можат да се утешуваат дека прашањето за народноста на Македонците е решено во нивна полза.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
176 Сестрата Писи на 1 мај напишала дека сомнителното лице за атентатот на бродот било затворено и тоа, наводно, изјавило дека целта на атентаторите била не само да ја натераат Франција да интервенира пред големите сили и Турција во нивна полза, туку и да ја привлечат власта кон пристаништето со дигање во воздух на бродот и потоа, и непречено и без големи народни жртви, да го извршат преостанатиот план.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)