нивен (прид.) - отстранување (имн.)

Членот 35 пропишува дека носителите на раководни функции и лицата од кои зависи техничко-технолошкиот процес и се од незаменливо значење за одвивање на дејноста на претпријатието не можат да учествуваат во штрајк, а согласно член 36, ако вработените спротивно на овој закон ги запоседнале и се задржуваат во објектите и административните простории на јавното претпријатие, директорот на јавното претпријатие е должен да преземе мерки заради нивно отстранување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
После измената, надлежноста на инспекторот се продлабочува т.е. дополнително се дефинира и тој во согласност со закон заради отстранување на утврдените неправилности инспекторот има право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; 2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рокот кој ќе го определи инспекторот и 3) да забрани работа во работна просторија, на дел од техничка технолошка целина, на одделно работно место или на орудие за работа. 87 88 Закон за инспекција на трудот; Сл. весник на РМ, 35/1997.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вработениот има право да одбие извршување на работа и доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)