нивен (прид.) - низа (имн.)

Сега наеднаш беа застанати сите, застанувањето беше како еден единствен грч во целата нивна низа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Полека почнуваше да ги сонува како наизлегуваат од некоја страна и како се нанижуваат по рабовите на високите сртови, оние познати врвици дивокози, една од оние нивни низи, што го пречекуваат сонцето во една таква синџиреста прошетка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои од карактерите се препознатливи (нпр. делови од тело, животни и алатки), и за некои нивни низи предложени се одредени толкувања, но дискот во целина сé уште не е дешифриран.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)