И Татко и Камилски, покрај обврските што си ги презедоа да ги состават конечните листите на (без)опасните ориентализми во балканските јазици, не престануваа да се сопнуваат, и едниот и другиот, на зборови кои заслужуваа посебен третман не само поради долгата задржаност во балканските, но и во некои европски јазици, туку и поради нивната моќ да не бидат заменети од новите современи поими.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На Татко, чиј ред беше да ги претстави најтипичните заемки од областа на историјата, администрацијата, оружјето и воените звања, географијата, временските појави и другото на коешто ќе наидеше, додека според договорот, Камилски требаше да ги издвои и најкарактеристичните заемки со најдолговечна и најширока употреба на Балканот и во неговите граници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но додека во зборот, тие често делуваат несмасно, во музиката нивната моќ е директна, пред неа немаме одбрана.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
А она што идиотизмот се обидува да сомеле, тоа не се само аскетските идеали во коишто Ниче гледаше „вистинска свештенска вера” на филозофот, свештеникот и уметникот, „најдобар инструмент на нивната моќ и овластување од семоќниот за нејзино извршување”, туку и самиот идеализам, оној кој владее со почетоците на предбрачната поезија или кој е закрпен во знаме од приврзаниците на академизмот кој постојано се препородува како најпатетичен авангардизам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Мичигенскиот огранок на Американското здружение за семејни вредности наводно собрал 15 000 потписи на петиција со која се повикуваат „гувернерот Енглер, законодавецот и Одборот на повереници на УМ да сторат сѐ што е во нивна моќ да ги спречат вработените во УМ да ги користат парите на даночните обврзници за врбување студенти тинејџери во предмет чија изнесена намера е да „експериментира“ со „иницијацијата“ на студенти во високоризичен животен стил на хомосексуално однесување кое е неморално, незаконско и кое претставува сериозна закана за личното и за јавното здравје“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И покрај тоа што можеме да жалиме за упадливата мизогинија што е во основата на деградирачката сила на тие стереотипи, нивната моќ да нѐ понижат нималку не се смалила, нималку не е понестварна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Просветената идеологија на постоунволското геј-движење силно нѐ ободрило да ги отфрлиме, одречеме и надминеме таквите омаловажувачки клишеа – да докажеме дека се неточни, самите да станеме речиси нормални и да се издигнеме врз таа основа до еротска заедница на еднакви.
Мажественоста претставува не само средишна културна вредност – поврзана со сериозност и со достојност, за разлика од женската тривијалност – туку и клучна еротска вредност за геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа оживува цела навалица древни бабароги што во минатото се користеле за да ни се наштети – за да се прават од нас ликови за подбив, предмети на погрда, суштества за сатира, жртви на омраза, морална осуда и насилство – и незгодно нѐ потсетува на оние задрти медицински сфаќања за сексуалната девијантност кои Едмунд Вајт си ги спомнува со морници и според кои истополовата желба била симптом за обратност на сексуалните улоги, а мажите хомосексуалци биле сродни инвертити во кои се отелотворила сексуалната природа на жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поврзувањето на геј-мажите со женскоста е причина за особена тревожност бидејќи претставува назадување, симбол на вековна хомофобична предрасуда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ги носеше и ги читаше светите книги Библијата, Коранот и Талмудот, верувајќи во нивната моќ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И се препуштаа атавистички до крајот на нивната моќ, верувајќи дека владеејќи до крајот на животот, му се препуштале на повикот на судбината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XVI Историјата не поднесува натрапништво. Таа сама ги избира своите херои.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но и немилосрдно ги отфрлува тие што не ги избрала, колку и да била голема нивната моќ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше врска клучеви на напуштените куќи во селидбите верувајќи дека еднаш ќе се вратиме до нив колку и да беа силни границите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)