нивен (прид.) - мирис (имн.)

Вкусот на колачињата кога ќе ги ставев в уста и ќе почнеа да се топат во неа, нивниот мирис на ванила, сето тоа ме потсетуваше на мојот дом, на далечината, на моето драго семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го жулкаа, го милуваа, му викаа Шарик, а тоа познавајќи си го името и нивниот мирис, потскокнуваше радосно, се припиваше до нив, но човекот го тргаше со ремникот кон себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еднаш една сестра беше видела како ги мириса, или, попрво, како минува врз нив како да го испитува нивниот мирис, и како потоа кај малиот прст ги спојува благо закривените дланки, свртени угоре, за потоа да ги спојува и раздвојува, како да отвора некаква голема, мека овошка, или како нешто да раздвојува со лачни движења. 58 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)